24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција одвои 120 милиони евра за малите бизниси во алтернативниот туризам

Грција одвои 120 милиони евра за малите бизниси во алтернативниот туризам

Малите и средните претпријатија во грчкиот туристички сектор ќе можат да имаат корист од државна поддршка од програмата во вредност од вкупно 120 милиони евра, објави тамошните медиуми. Програмата ќе се активира во средината на декември.

Средствата ќе бидат насочени кон алтернативни форми на туризам, како што се руралниот и спортски туризам и други специфични области. Целта е да се создаде квалитетен производ и услуга, како и да се создадат нови работни места, според Министерството за туризам кај нашиот јужен сосед.

Според плановите, компаниите во секторот ќе можат да аплицираат за субвенции во износ од 25.000 до 400.000 евра. Проектите со повисока вредност ќе треба да бараат алтернативни начини на финансирање – сопствени средства или заем. Проектите во вредност од помалку од 25.000 евра нема да бидат дозволени, велат правилата на програмата.

Според проценките, државното учество во инвестициски проекти ќе биде до 45%, но може да надмине 50% ако плановите предвидуваат создавање на постојани работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП