3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје смог аларм: Владата треба да одвои 1% од Буџетот

Скопје смог аларм: Владата треба да одвои 1% од Буџетот

Во врска со предлог-буџетот за 2018 година, бараме Владата на РМ итно да оформи посебен Фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1% од проектираниот БДП за 2018 година, бараат од заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.

Тие потенцираат дека според Еуростат, во 2015 година Словенија одвоила 389 милиони евра, додека Бугарија одвоила 358 милиони евра за заштита на животната средина, т.е. вкупните расходи за заштита на животната средина на владите во ЕУ-28 земјите изнесувале просечни 0,8% од БДП.

„Заради катастрофалната еколошка состојба во Македонија сметаме дека Владата треба да одвои околу 1% од БДП во посебен Фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството за животна средина итно да изготви акциски план и соодветни проекти за бараните средства“, велат од здружението.

Како илустрација за лошо приоретизирање на јавните политики, од „Скопје смок аларм“ издвојуват дека во изминативе 10 години се потрошени скоро 700 милиони евра за проектот „Скопје 2014“ според Призма – Бирн, додека годишниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање варира помеѓу пет и десет милиони евра.

„Потсетуваме дека според Светската Банка (2015), како последица на аерозагадувањето македонската економија трпи годишни загуби од 253 милиони евра или 3,2% од БДП, што значи дека реалниот раст на економијата изминативе години е 0%. Овој тренд мора да запре“, апелираат од здружението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП