17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје не се дише, какви конкретни мерки ќе преземат властите?

Во Скопје не се дише, какви конкретни мерки ќе преземат властите?

Изминативе денови мерните единици покажуваат значително покачување на загаденоста на воздухот во Скопје.

Вчера вечерта во Карпош беа измерени 222 ПМ10 честички, во Центар 152, Ректорат 193, а најзагадено покажа во Лисиче со измерени над 250 ПМ10 канцерогени честички.

Ништо подобро не покажаа и мерните станици во другите градови низ Македонија.

Македонија се гуши во сѐ позагадениот воздух, властите сеуште без конкретни мерки.

„Веќе 6 месеци СДС ветува, но нема ништо преземено за да се намали загадувањето на воздухот во Република Македонија. Целокупната одговорност и сите институции кои треба да реагираат се во рацете на СДС. Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот, и лажните ветувања. Во прашање е здравјето на илјадници граѓани. Наместо евтин популизам и декларативни заложби потребно е итно дејствување. Пред сѐ Владата, но и Шилегов и останатите градоначалници на СДС наместо парадариње треба да си ги засукаат ракавите и да почнат да преземаат мерки за почист воздух. Граѓаните очекуваат резултати. СДС во текот на изборната кампања на граѓаните им ветуваше подобрување на животната средина и почист воздух. Но веднаш по изборите се покажа дека тоа беше уште една нивна лага и манипулација за собирање на повеќе гласови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП