17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има потреба од работници - повеќе од милион слободни работни места

Германија има потреба од работници – повеќе од милион слободни работни места

Расте побарувачката за работна сила во Германија. Во третиот квартал годинава биле отворени 1.097.600 работни места, дури 175 илјади повеќе отколку во истиот период минатата година, соопшти Институтот за истражување на пазарот на трудот(ИАБ).

„Во споредба со минатата година, побарувачката особено се зголемила во преработувачкиот сектор, прометот и логистиката“, вели Александар Кубис од ИАБ.

Има потреба од работници и во секторот услуги, градежништво и трговија. Најголема побарувачка има во малите фирми со околу 50-тина вработени.

ИАБ четирипати годишно врши проверка на фирмите кои огласиле слободни работни места. Експертите проценуваат дека големата побарувачка за стручна работна сила нема да биде можно да се покрие со работна сила од земјите на Европската Унија туку дека е потребно отворање на германскиот пазар на труд за стручњаци од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП