13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнија на здруженија: Предвидените 5% на платите кај медицинарите, мотив да заминат...

Унија на здруженија: Предвидените 5% на платите кај медицинарите, мотив да заминат од државава

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки апелира до Владата за зголемување на платите во јавното здравство. Според нив, предвиденото покачување од 5% не кореспондира со работните обврски, а ниту вложените средства во образование и подготовка.

„Унијата на ЗМСТА се залага за поддршка и заштита на интересите на сестринството и би сакале да потенцираме дека токму оваа проблематика, односно ниските примања на здравствените работници со средно, више и високо образование се главна причина за одлевањето на стручниот медицински персонал од јавните здравствени установи. Потсетуваме дека Унијата се формира со една единствена цел – сплотеност на медицинските сестри, стоматолошките сестри, медицинските техничари и акушерки на ниво на целата република“, вели м-р Горданка Бешлиовска, координатор на Здружението.

Тие потенцираат дека се отворени за соработка и поддршка за сите активности кои Владата ги има предвидено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП