26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Македонската филхармонија концерт на еден од најдобрите пијанисти на денешницата, Борис...

Во Македонската филхармонија концерт на еден од најдобрите пијанисти на денешницата, Борис Березовски

Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, Борис Березовски од Русија, ќе одржи концерт со наслов „На руски начин“ на 9 ноември (четврток) во 20 часот во Македонската филхармонија.

Музичката критика е едногласна во мислењето дека Березовски во моментот е еден од најмоќните пијанисти кој поседува уникатна техника и сензитивност, кој има специфичен пристап кон пијаното и, воопшто, кон музиката што ја изведува.

Македонската публика имаше можност да го слуша на јубилејниот концерт – 70 години од формирањето на оваа институција.

Маестралниот Березовски ќе го свири најпопуларниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахманинов познат како „РАХ3“.

Диригент и овој пат ќе биде миленикот на македонската публика, маестро Емил Табаков од Бугарија, а оваа вечер ќе бидат изведени и увертирата-фантазија „Ромео и Јулија“ од Чајковски, како и сатиричната свита „Вљубен во три портокали“ од Сергеј Прокофјев.
Не пропуштајте ја оваа единствена изведба!

Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија, да се резервираат на тел: 02/3238 182 или да се купат преку веб-страниците www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП