26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИзгребаниот диск вратете го во живот

Изгребаниот диск вратете го во живот

cd-cleaning

Доколку ви прескокнува дискот за време на некоја песна или во случај кај податоците кога ги губите табелите кои сте ги работеле неколку дена, значи дека CD-то ви е изгребано. Без паника имаме решение за тоа и немојте да го фрлате додека не пробате некои од понудениве работи.

Топла вода.

Пуштете топла вода преку оштетениот диск се со цел да се отстрани прашината. Доколку на дискот остане нечистотија или маснотија, полека поминете ја со прстот. Секој пат кога го бришете дискот секогаш треба да го сторите тоа од центарот на дискот кон надворешноста. Истресете ја водата и оставете го да се исуши, немојте да го бришете со пешкир или крпа или да го оставите на сонце.

Методот со светилка.

Вклучете ја светилката на работната маса или било која друга лампа која има светилка од 60 W. Држете го дискот во кругот и снимената страна насочете ја кон светилката. Раздалеченоста би требала да биде околу 10 см. Држете го дискот така околу 20 секунди, полека вртете го околу прстот. Тогаш кога ќе се загрее пуштете го во вашиот плеер.

Методот со восок.

Нанесете восок на дискот. Ако полирањето не успее, нанесете малку вазелин, течно средство за полирање на автомобил, неутрално средство за полирање чевли или восок за мебел и тоа на страната каде што работи дискот. Избришете го вишокот со користење на чиста и мека крпа и тоа сторете го со кружни движења.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП