28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБез паника - Што треба да направите кога ќе ја наводените тастатурата

Без паника – Што треба да направите кога ќе ја наводените тастатурата

Тастатурата од компјутерот е многу осетлива, особено на вода, прашина и ладно. Во случај на лаптопот или на статичниот компјутер да ја наводените тастатурата последиците можат да бидат големи, бидејќи освен тоа што може да се расипе компјутерот, можете да останете и без драгоцените податоци. Еве што треба да направите…

Ако истурите кафе или вода не го бришете лаптопот или тастатурата на статичниот, туку веднаш исклучете го компјутерот од струја. Ако бавно се гаси, исклучете го присилно на копчето за исклучување, завртете го лаптопот наопаку и извадете ја батеријата.

При завртувањето внимавајте течноста од тастатурата да не дојде до екранот.

Причекајте потполно да се исцеди, и превртувајте го нежно лапотопот на сите страни да проверите дали има уште течност.

Кога се ќе истече избришете ја тастатурата со памучна крпа. Ако мислите дека останала уште некоја капка, можете да ја исушите и со фен за коса така што ќе го подесите фенот на топло и најслабо дување и ќе го држите на 20 см од компјутерот. Внимавајте топлината да не оди во екранот.

Би било добро да почекате неколку часа пред повторно да го упалите компјутерот, односно лаптпот, доколку се работи за тастатура од обичен компјутер можете и порано доколку ја замените со резерва доколку имате. Доколку течноста која сте ја истуриле содржела шеќер, постои можност тастатурата да не работи како претходно, па најдобро е да ја однесете кај експерти за тие длабински да ја исчистат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП