7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДекларираната заработка на Грците се намали за 2,5 милијарди евра во 2016-та

Декларираната заработка на Грците се намали за 2,5 милијарди евра во 2016-та

Декларираните приходи на Грците се намалиле за 2,5 милијарди евра во 2016-та година во однос на 2015-та година, a износите, декларирани од организациските вработени, пензионерите и вработените во финансискиот сектор во 2016-та година, биле 72,5 милијарди евра во споредба со 75,01 милијарди евра во 2015-та година, објави весникот „Катимерини“.

Весникот забележува дека зголемувањето на оданочувањето доведе до зголемување на даночното затајување, како и до прекин на активностите на десетици илјади лица. Високите придонеси за социјално осигурување натерале многу лица со слободни професии и самовработени да ги прикриваат сопствените приходи за да избегнат плаќање на даноците и социјалните придонеси.

Не е случајност тоа дека бројот на лицата кои вршат слободни занимања, е намален за околу 58.000 во минатата година во споредба со 2015-та година, а други 20.000 од организациските вработени и пензионерите исто така се исчезнати, коментира весникот.

„Катимерини“ пишува дека намалувањето на неоданочливиот праг и зголемувањето на даночниот товар од новата такса за солидарност и даноците на имот доведоа до драстичен пад на приходите, а тоа ќе се одрази на буџетските приходи и финансиските резултати и во следните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП