20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати добитниците на наградите 13 Ноември за 2017

Познати добитниците на наградите 13 Ноември за 2017

Во областа на науката добитници се Горан Кондов, специјалист-хирург по градна хирургија и пензионираниот професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје Хаки Имери.

Во областа на образованието и воспитанието награден е одделенскиот наставник во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје Јадранка Клисарова, а од областа на културата и публицистиката наградени се романсиерот, поет и издавач Димитар Башевски и Пунторие Муча – Зиба, поетеса и романсиер.

Наградени во областа на уметноста се обоистот Васил Атанасов и ликовниот уметник Стефан Хаџи – Николов.

Кардиоваскуларниот хирург Жан Митрев и наставникот по физичко и здравствено образование во ОУ „Рајко Жинзифов“ – Чаир, Раде Илиевски, се добитници од областа на здравствената заштита и хуманитарна активност.

Од областа на спортот наградени се фудбалскиот работник Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски.

Наградата „13 Ноември“ се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитание и образование…

Наградата може да им се додели на физички и правни лица и од други држави кои оствариле посебен придонес за Град Скопје. Наградите на добитниците ќе им ги врачи градоначалникот Петре Шилегов на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП