19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУбавиот збор ги отвора сите бизнис врати

Убавиот збор ги отвора сите бизнис врати

Пофалете го колегата и извинете му се на партнерот, без грижа нема да ве сметаат за слабак, туку само ќе ве ценат уште повеќе.

Малите нешта можат целосно да променат нечиј ден, а убавиот збор, насмевката или извинувањето ќе направат чудо за вашата работа. Без оглед во каква ситуација сте се нашле, постои реченица и начин со кои ќе го олесните впечатокот за ситуацијата и ќе ја поправите грешката.

Пофалби

Никој во деловниот свет не добива доволно пофалби, па токму поради таа причина, немојте да бидете себични и пофалете ги своите колеги, вработените и партнерите кога ќе направат нешто исклучително. Притоа слободно присетете се на некои добри потези од вашите вработени од пред неколку месеци. Вашата искреност и моќ на запазување ќе се ценат и ќе им послужат на колегите и вработените како мотивација за нови добро обавени работи и проекти.

Извинување

Грешката може да му се случи на секој, а извинувањето не е знак на слабост, туку е една од најважните лекции кои морате да ги запомните. За било каков неуспех, груб збор, неможност да реагирате и помогнете, треба да се извините. Бидете кратки и коректни, изразете жалење за направената грешка, не ја префрлајте вината на никој друг и ако е потребно преземете ја вината. Така ќе покажете зрелост, како и сериозност за вашата „големина“.

Помош

По напорниот работен ден многумина сигурно најмногу се каат дека никого не побарале за помош. Ако не барате или одбивате помош од другите, можеби докажувате како вие се можете сами и како не ви е потребна ничија помош, но внимавајте бидејќи не само што ќе изгорите од премногу рбаота и работни задачи туку ќе оставите и впечаток на поединец кој не е тимски играч, кој не му верува на никој и со самото тоа дополнително ќе си ја отежнете работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП