26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите луѓе во светот кои немаат факултет (фото)

Најбогатите луѓе во светот кои немаат факултет (фото)

Факултетска диплома е предуслов за врвна кариера, а со тоа и за богатство и среќа. Можеби теоретски, но во пракса се чини дека е само уште една од предрасудите, бидејќи некои од најбогатите луѓе во светот не само што не ги завршуваат своите факултети, туку немаат завршено средно училиште.

Точно е дека некои од нив наследиле богатство, па така тие не морале да се мачат и да учат, но ги има и оние кои започнале од ништо да направат нешто.

„Бизнис Инсајдер“ направи листа на милијардери кои немаат диплома:

1. Бил Гејтс

Овој основач на „Мајкрософт“ е најпознатиот незавршен студент во светот. Тој започнал да се школува на Хардвард, но не го завршил. Но тоа не го стопирало да стане еден од најбогатите луѓе во светот и да ја „крои“ судбината на целото општество.

2. Ингвар Кампрад

Тој израснал на фарма во Шведска и со малку готовина која му ја дал неговиот татко, откако успешно го завршил средното образование на возраст од 17 години, ја создал „Икеа“ и ја направил еден од најпознатите и најуспешните брендови.

3. Лари Елисон

Тој како и Гејтс студирал на Харвард и не го завршил. Сепак, тој ја основал својата сопствена компјутерска компанија „Оракл“ и заработил милиони.

4. Амансио Ортега

Сопственикот на „Зара“ и моментално еден од најбогатите луѓе во светот имаат завршено само средно училиште. Тој потекнува од скромно семејство, а кога ги понудил своите акции на берзата, тој стана најбогатиот Шпанец.

5. Кристи Волтон

Сосопственичката на познатиот американски мегамаркет „Волмарт“, има завршено само средно училиште.

6. Карл Албрехт

Сопственикот на синџирот „Aлди“, исто така, има само средно училиште.

7. Микеле Фереро

Без училиште ја предводеше фабриката за чоколади „Фереро Рошер“

8. Мајкл Дел

Основачот на „Дел“ го напушти колеџот во Тексас и сепак стана милијардер.

9. Пол Ален

Коосновачот на „Мајкрософт“, исто така, нема факултет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП