28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната најдобар купувач, пораснаа нарачките од германските фабрики

Еврозоната најдобар купувач, пораснаа нарачките од германските фабрики

Нарачките од германските фабрики пораснале во септември втор месец по ред, поради големото зголемување на побарувачката од други земји на еврозоната.

Германското Министерство за економија соопшти дека нарачките во септември се зголемени за еден процент во однос на август, во кој пораснаа за 4,1 проценти.

Растот на нарачките во другите 18 земји од еврозоната изнесуваше 6,3 проценти, додека домашните нарачки опаднале за 0,1 проценти. Побарувачката од други земји кои не се члнеки на еврозоната опаднала за еден процент.

До вкупно зголемување дошло поради растот на побарувачката за капитални добра како фабричките машини, која е зголемена за 4,9 проценти во однос на претходниот месец.

Денес објавените податоци се во склад со претходно ветувачките најави за растот во Германија, најголемата европска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП