19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте трговскиот дефицит на САД

Расте трговскиот дефицит на САД

Трговскиот дефицит на САД во месец септември пораснал на 43,5 милијарди долари од 42,8 милијарди долари од август, бидејки увозот го надмина извозот.

Извозот во септември е зголемен за 1,1 проценти на 196,8 милијарди долари, што е највисокото ниво од декември 2014 година, додека увозот скокна по стапка од 1,2 проценти на 240,3 милијарди долари, покажуваат податоците на американското Министерство за трговија кои ги пренесе агенцијата АП.

Трговскиот дефицит значи дека САД купува повеќе стока и услуги од другите земји отколку што им продава на тие држави.

Од почетокот на годината до крајот на септември, трговскиот дефицит на САД достигна 405,2 милијарди долари, што е за девет проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП