4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФилмот за потерата на Осама бил Ладен, за недела дена инкасираше 24,4...

Филмот за потерата на Осама бил Ладен, за недела дена инкасираше 24,4 милиони долари

zero-dark-thirty1

Покрај контраверзиите кои ги предизвика филмот „Zero Dark Thirty“ кој проповеда за специјалните сили во врска со ловот на Осама бил Ладен, завзема прво место на гледаност во американските кино благајни за време на изминатиов викенд.

Долгометражниот филм кандидат за Оскар со 5 номинации, започна да се прикажува во Лос Анџелес и Њу Јорк пред месец дена и заработи 24.4 милиони долари.

Во врска со филмот кој го режираше Кетрин Бигалоу, во САД се води полемика каде оспорувачите оптужуваат за апологијата на тортура, бидејќи без разубавување прикажува агресивни методи на испрашување кои се користени за да се дојде до некоја информација, кои довеле до пронаоѓањето на првиот човек на Ал Каеда.

Втор по гледаност е комедијата „A Haunted House“со 18,1 милион долари, а трет „Gangster Squad“, со Рајан Гослинг, Шон Пен, Ема Стоун, со заработени 17,1 милион долари.

Од второто на четврто место падна филмот „Django Unchained“, веднаш по него „The Weaklings“, „Hobitt“, „Lincoln“, закитен со 12 номинации за Оскар, го завзема 7 место на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП