18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако врз економијата на Шпанија ќе се одрази кризата со Каталонија?

Како врз економијата на Шпанија ќе се одрази кризата со Каталонија?

Народната банка на Шпанија предупреди дека политичките тензии во Каталонија можат да доведат до среднорочни економски последици.

Според извештајот којшто ја анализира економската стабилност на Шпанија, земјата може да изгуби помеѓу 0,3 и 2,5% од БДП, што е помеѓу 3 и 27 милијарди евра.

„Во најлошото сценарио, речиси 60 отсто од проектираниот раст за 2018 и 2019 година ќе испари во воздухот“, стои во извештајот на банката, нагласувајќи дека ова е хипотетичко сценарио.

„Потенцијалното зајакнување или продолжување на политичката ситуација може да и наштети на економската перспектива на Шпанија и финансиската стабилност. Несигурноста може да ја намали довербата на економските агенти и од таму да влијае на нивните одлуки за инвестиции, кои потоа имаат негативно влијание врз економската активност и невработеноста“, стои во извештајот.

Се додава и дека е можно да се прошират ефектите од кризата врз потрошувачката, корпоративните инвестиции и пазарот на трудот.

„Макроекономското влијание на моменталната ситуација на неизвесност ќе зависи од нејзиниот интензитет и времетраење”, предупреди Народната банка на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП