3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДокументарни филмови на фестивалот „Десонанз“

Документарни филмови на фестивалот „Десонанз“

Од денеска, до 7 ноември, љубителите на документарниот филм ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестифалот „Десонанз“, што годинава нуди осум документарни филмови.

Фестивалот е во соработка со најголемиот филмски фестивал на Косово, „Докуфест“ и Кинотеката на Македонија, а проекциите се закажани со почеток во 18 часот.

Организаторите за вечерва најавија проекција на документарниот филм „Тони Конрад: Сосема во сегашноста“ посветен на животот и кариерата на Тони Конрад – уметник, музичар, режисер и пионер на експерименталниот филм кој заедно со неговите современици Лемонт Јанг и Џон Кеј го инспираат создавањето на култните „Велвет андерграунд“.

Утре вечер (недела, 5ти ноември) ќе биде прикажана селекција на краткометражни музички и експериментални документарни филмови кои визуелно ги обработуваат уметничките вредности.

Пред проекциите, на публиката ќе и се обрати програмскиот директор и еден од ко-основачите на „Докуфест“, Ветон Нурколари кој членува во Европскиот Културен Парламент и Европската Филмска Академија.

„Десонанз“ е годишен фестивал на нова уметност и современа музика. Организаторите го опишуваат како фестивал чијашто мисија е да открива, мапира и промовира автентични изрази на музичка култура и уметност во современото општество. „Докуфест“ е интернационален фестивал на документарен и краток филм кој се одржува секоја година во август во Косово, Призрен.

Во насока на градење современи културни вредности и промоција на филмска и музичка култура, влезот за овие настани е бесплатен за сите посетители, откриваат организаторите на настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП