28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали знаете дека сарказмот може да ве направи покреативен работник

Дали знаете дека сарказмот може да ве направи покреативен работник

Според пишувањето на Волстрит Журнал, сарказмот на работното место може да ве направи уште покреативен работник.

Тоа се резултатите на едно неодамнешно истражување на експертите од Харвард и Европското бизнис училиште, кое се состоеше од три помали истражувања.

Во првото истражување, испитаниците требале да кажат нешто саркастично или искрено, да слушнат нешто такво или да имаат неутрален разговор. Во второто, учесниците морале да го запомнат времето кога кажале или слушнале нешто саркастично, искрено или неутрално, а во третото морале да измислат одговор на саркастичната, искрената или неутралната шега. Потоа сите учесници морале да ги исполнат креативните задачи.

Луѓето во саркастично расположение покажуваат подобри резултати.

Според истражувањата, сарказмот е искра на креативност, бидејќи тогаш мораме да размислуваме апстрактно, за да ја сфатиме вистинската смисла на буквалното значење на изговорените зборови. Истото важи и кога сме во позција да слушнеме нешто саркастично, но само ако имаме добар или доверлив однос со лицето со кое разговараме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП