26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради Задушница изменет сообраќајниот режим

Поради Задушница изменет сообраќајниот режим

Денеска и утре, во периодот од 06 до 16 часот поради верскиот празник Задушница ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.

Како што беше најавено, поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од ул.„Александар Урдаревски“, што се наоѓа во реонот на гробиштата Бутел.

Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по ул. “Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на ул.“Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“, лево, по ул.“Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“на обиколницата.

МВР апелира да се почитува сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП