17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на баратели на азил е намален речиси за двојно

Бројот на баратели на азил е намален речиси за двојно

Бројот на баратели на азил во Европа во септември падна за 50% во споредба со истиот период во 2016. година.

Во септември, годинава, азил во Европа побарале повеќе од 60 илјади лица , што претставува двоен пад во споредба со 125 илјади лица кои побарале азил во истиот месец минатата година, пренесува „ЕУ-Обзервер“

Според податоците на последниот извештај на Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот, најголем дел од кандидатите за азил се Сиријците, следени од Ирачаните и Авганистанците. Во просек, ЕУ одобриле 36% од барањата, во споредба со 63% во септември, минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП