6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените во Европа заработуваат 16% помалку од мажите

Жените во Европа заработуваат 16% помалку од мажите

Жените во Европа денес заработуваат по час за 16,3 проценти помалку отколку мажите, соопшти Европската комисија по повод одбележувањето на денот на еднакви плати кој оваа година беше прославен на 3-ти ноември.

Тоа значи дека започнувајќи од вчера па се до крјаот на годината, Европјанките практично работат бесплатно за разлика од мажите.

„Еднаквоста на половите вклучувајќи ги и еднаквите плати за мажите и жените, е една од основните вредности на Европската унија. Но, тука ситуацијата и понатака е далеку од реалноста“, се наведува во заедничкото соопштение на потпретседателката на Европската комисија Франса Тимерманс и европските комесарки Маријана Тисен и Вера Јурова кое е објавено на сајтот на Европската комисија.

„Жените два месеци годишно работат бесплатно за разлика од нивните машки колеги. Тоа е шокантна и неприфатлива неправда во 21 век во Европа, поради што итно мораме да оствариме напредок на тој план“, се додава во соопштението.

Во ЕУ жените според образованието се еднакви или дури и пообразовани од мажите, но тоа не се гледа на пазарот за труд.

Во 2016 година 33 проценти од жените имале завршено високо образование, а од мажите 29 проценти, но стапката на вработеност на жените била за 11,6 процентни поени помала отколку кај мажите.

Жените, исто така, не се во доволна мерка застапени на највисоките позиции во најголемите европски компании во ЕУ, па така меѓу 14 претседатели на управните одбори, само една е жена, а меѓу 20 извршни директори исто така само една е жена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП