2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите само складираат злато

Русите само складираат злато

Според податоците на Централната банка, резервите на злато во Руската Федерација изнесуваат 1.614,27 тони, што е за 15 проценти повеќе во споредба со минатогодишната состојба.

Централната банка на Русија и понатака е еден од водечките купувачи на злато. Во февруари минатата година купи повеќе од десет тони злато.

Експертите позитивно го оценуваат трудот на Москва да воведе поголеми златни резерви во време кога економската ситуација во светот е нејасна.

Константин Сахаровски, кој со години беше директор за иновации во големата руска златарска компанија „Adamas“, смета дека по победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори златото уште повеќе добило на значење.

„Трамп, отворено говорејќи, е непредвидлив. После се, лесно може да крене нов бран на санкции и замрзнување на средствата. Златото ќе овозможи активата на Русија да се сочува“, наведува тој, а пренеусва руската агенција РТ.

Руската Федерација не користи услуги за чување на своето злато во странство, како што прават другите земји. Целото руско злато се наоѓа во Русија.

Околу 67 проценти од резервите се чуваат во трезорите на Централната банка во Москва, а останатото во Санкт Петербург и Екатеринбург. Златото се чува во плочки тешки од 100 грама до 14 килограми, наведуваат руските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП