ПочетнаКОМПАНИИВо Zara етикети на кои пишува „не сме платени“

Во Zara етикети на кои пишува „не сме платени“

Купувачите во продавницата на Zara во Истанбул пронашле необични етикети на облеката – обвиненија од турските работници кои наведуваат дека не се платени за стоката која е изложена.

Работниците производители кои имаат договор со Zara влегле во продавницата на оваа конфекциска куќа и оставиле етикети на облеката.

На етикетите е напишано: „Јас го направив овој предмет кој ќе го купиш, но не сум платен за тоа“.

Работниците со тоа ги повикуваат купувачите да ја поддржат кампањата и да извршат притисок на Zara да ги плати.

Пишува и дека тие работици се вработените во фабриката Bravo, која преку ноќ беше затворенa. Вработените во Bravo изјавија дека оваа компанија им должи три плати, како и отпремнина.

Групцијата Inditex во чија сопственост е Zara, не била достапна за коментар.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП