ЕКОНОМИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија променливо облачно со сончеви периоди, попладне се очекува намалување на облачноста. Претпладне ќе дува слаб умерен северен ветер долж Повардарието, а максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, пообилни во западните делови, особено во среда, кога ќе има услови и за ретки грмежи.