3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинишираат подготовките за почеток на годинешниот откуп на тутун

Финишираат подготовките за почеток на годинешниот откуп на тутун

Во пресрет на годинешниот откуп на тутун, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одржа работен состанок со Здруженијата на тутунари и откупувачите на тутун, на којшто ја презентираше актуелната состојба со производството на тутун, како и очекувањата за годинешните откупени количества на тутун.

Според проценките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со реколтата 2017 година, со тутун вкупно се договорени и засадени 14.342 хектари, а се очекува годинешното производствода биде на ниво од околу 24.000 тони.

Согласно Законот, склучувањето на договорите за производство и откуп на тутун за годинешната реколта, заврши на 10-ти април годинава. Регистрирани се девет откупни компании, кои пријавија 29.132 договори за производство и откуп на тутун, или 1.750 повеќе договори во однос на минатата година кога беа пријавени 27.380 договори.

Тутунарите и откупувачите посочија дека поради лошите временски услови, односно раните мразеви, а потоа и сушата, се очекува помало производство на тутун од договорено производство од 26.532 тони.

Претставниците од здруженијата на тутунари истакнаа дека претходната година имале проблем со одбитоците што ги вршеле откупувачите и побараа проценката на класите да се врши реално.
Според проценките на откупувачите, годинава очекуваат да откупат околу 24.000 тони тутун.
Согласно законските одредби, откупот на тутун треба да започне најдоцна до 15 декември, но доколку откупувачите ги имаат исполнето сите услови, можат и порано да започнат со откуп на тутун.

Министерот Николовски посочи дека треба да се исполнат сите услови за непречен откуп на тутунот, и ги повика откупувачите да се изјаснат дали имаат обезбедно финансиски средства за откуп на тутунот. Воедно, министерот потенцираше дека е започната постапката за подготвка на новиот Закон за тутун и тутунски производи, во кој се предвидени промени во делот на класите и пораст на субвенциите за тутун, за што ќе бидат консултирани сите чинители, односно тутунарите, откупувачите и експертската фела.

Годинешниот откуп на тутун ќе се реализира по стариот Закон за тутун и тутнски производи, а новиот закон се очекува да се донесе до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП