Американската економија создала 261.000 нови работни места во октомври, а стапката на невработеност беше 4,1%, откако условите на трудот се вратени во нормала по ураганите во септември.
Растот на вработеноста, сепак, не ги исполни очекувањата на „Волстрит“, кој предвидел 310.000 нови работни места.
Падот на невработеноста дојде во услови на прелиминарни проценки дека ќе остане на 4,2%.
Податоците за септември, кога беше прогласен пад во бројот на нови работни места со 33.000, пак, беа ревидирани нагоре до пад од 18.000.
Освен покажа дека податоците за септември биле само привремено отстапување заради ураганите, извештајот на бирото за трудова статистика, се совпадна и со други податоци кои се индикативни за економски пораст. БДП-то на САД бележи раст од 3% во третиот квартал, според првичните податоци како прогнизите за четвртиот квартал се за зголемување од 2,8%.
Се очекува дека Федералните резерви на САД ќе ја зголемат својата клучна каматна стапка за уште една четвртина во декември. Меѓутоа, централната банка останува претпазлива во врска со ниската инфлација.