19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмазон купи три домени поврзани со криптовалути

Амазон купи три домени поврзани со криптовалути

„Амазон“ купи три домени поврзани со криптовалути, пишува „CNBC“, осврнувајќи се на „DomainNameWire“.

Ова се домените „amazonethereum.com“, „amazoncryptocurrency.com“, „amazoncryptocurrencies.com“. Компанијата веќе го поседува „amazonbitcoin.com“, според „Coindesk“.

Превземањата ги зголемија шпекулациите дека „Амазон“ се подготвува да влезе во светот на криптовалутите.

Минатиот месец потпретседателот на компанијата Патрик Гауер за „CNBC“ изјави дека „Амазон“ нема планови да ги прифати плаќањата со криптовалути во овој момент, бидејќи нема доволно побарувачка за таква услуга.

Затоа, моментално се верува дека „Амазон“ едноставно има за цел да го задржи својот бренд.

Доменот „amazonbitcoin.com“ во моментов се пренасочува кон основниот сајт на компанијата – Amazon.com.

Веста доаѓа во време кога цената на биткоинот ја надмина границата од 7.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП