16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдравствените работници од ЕУ почнаа да ја избегнуваат Велика Британија

Здравствените работници од ЕУ почнаа да ја избегнуваат Велика Британија

Голем пад е забележан во бројот на медицински сестри и акушерки кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ за да работат во Велика Британија.

Помеѓу септември 2016-та и септември 2017-та година, новодојдените се само 1.107 луѓе, според Советот за медицински сестри и акушерство (НМЦ). Ова е 89% помалку од претходниот период од 12 месеци, објави „Фајненшал тајмс“.

Во исто време, бројот на медицински сестри кои ја напуштија својата работа во Велика Британија скокна на 69% на годишна основа.

„Овие бројки ги покажуваат главните предизвици со кои се соочува здравствениот сектор во Обединетото Кралство во однос на регрутирањето и задржувањето“, вели извршниот директор на „NMC“, Џеки Смит.

Британската влада, сепак, не признава дека постои проблем што укажува на тоа дека намалувањето на бројот на сестри и акушерки е „минимално“, истакнувајќи дека го зголемиле нивниот број во одделенијата.

Според Смит, главната причина за одлевањето на здравствените работници не е поврзана со „Брегзит“, туку со „многу тешките услови“ за работа на медицинските сестри и акушерки.

Општо земено, повеќе медицински сестри и акушерки го напуштиле регистарот на „NMC“, отколку што се приклучиле во периодот што се разгледува. Ова е тренд што го навел организацијата уште во јули годинава.

За овој период, 35.363 медицински сестри и акушерки се отпишуваат од регистарот во споредба со 31.188 работници во текот на претходниот 12-месечен период. Регистрираните членови на „NMC“ се 27.786 здравствени работници.

Бројот на британски медицински сестри и акушерки кои ги напуштија своите работни места скокна за 9% на годишна основа.

Портпаролот на министерката за здравство изјави дека оваа бројка претставува пад од 0,2 отсто кај медицинските сестри и акушерки на „NMC“, тврдејќи дека има повеќе работници во смена од минатата година.

Според властите, бројот на медицински сестри и акушерки на ЕУ кои работат во Велика Британија скокна за 3.193 во споредба со периодот пред референдумот за „Брегзит“.

Сепак, сојузот на здравствените работници вели дека за да има персонал, ќе биде неопходно да се зголемат платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП