19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТвитер акаунтот на Трамп беше блокиран 11 минути

Твитер акаунтот на Трамп беше блокиран 11 минути

Твитер профилот на Трамп беше блокиран 11 минути во четвртокот вечер од страна на работник во Твитер на неговиот последен ден на работа.

Претседателот Доналд Трамп одговори на “непријателски” настроениот вработен во Твитер, кој го блокираше акаунтот на 11 минути во четвртокот вечер околу 7 часот.

“Мојот Твитер профил беше отстранет 11 минути од страна на непријателски работник. Претпоставувам дека зборот мора конечно да излезе и да има влијание во светот”, изјави Трамп.

Твитер првично изјави дека профилот на Трамп бил “отстранет” ненамерно, но потоа по неколку часа подоцна изјавија дека тоа е направено од страна на вработен во поддршка на корисниците кој го сторил тоа на последниот ден на работа.

Профилот на Трамп има над 41 милион следбеници, што никој друг претседател, а можеби и никоја друга личност немале досега.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП