23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC во проблеми, Оne оди како „алва“

HTC во проблеми, Оne оди како „алва“

430x284

Компанијата „HTC“ се најде во „тесно“ поради недоволниот број на пуштени примероци во продажба на моделот „One“. Причина за тоа е многу големиот интерес за овој паметен телефон.

За да се справи со високата побарувачка се очекува „HTC“ значително да ги зголеми набавките од хардверските партнери. До крајот на мај се очекува производството да биде двојно поголемо и овој тренд да се задржи и во јуни.

Па по се изгледа дека „HTC“ конечно најде супер уред што ќе ги извади од нивната финансиска криза. Оптимизам покажува и Џек Тонг, потпретседател во азискиот оддел на компанијата, кој очекува повисока продажба во периодот од април до јуни.

„One“ остави позитивен впечаток не само кај корисниците. Пред еден месец се појавија гласини дека „Samsung“ размислуваат да ја отфрлат пластиката во своите паметни телефони. Причина за тоа е токму прекрасниот изглед на металниот „HTC One“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП