10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУтрински ритуал: Вода со мед за целокупно здравје

Утрински ритуал: Вода со мед за целокупно здравје

За лековитите својства на медот сигурно сте слушнале многу пати, бидејќи неговата употреба во лековити цели датира уште од древниот Египет. Медот посебно може да ни помогне доколку стане наш утрински ритуал.

На медот особено може да му се радуваат лицата кои имаат проблем со лош систем за варење. Поточно, со отежнато празнење на цревата. Еден едноставен напиток со мед кој секое утро морате да го консумирате пред јадењето ќе го пробуди системот за варење.

Состојки:

– 2 дл млака вода

– 1 полна чајна лажица мед

Подготовка: Добро измешајте ги водата и медот, почекајте во целост да се стопи и потоа испијте го напитокот. Водата мора да биде млака, но никако врела или на висока температура бидејќи ќе ги уништи сите хранливи и лековити состојки во медот.

Како водата со мед влијае на системот за варење?

1. Го олеснува преминот на храна во системот на варење, односно од тенкото во дебелото црево.

2. Ги намалува гасовите кои се произведуваат во системот за варење.

3. Го смирува желудникот. А истражувањата покажаа дека помага и кај лекувањето на чиреви во желудникот и бактериски гастритис.

Како водата со мед делува на нашето тело?

1. Помага во исфрлувањето на токсини

2. Со додаток на сок од лимон станува вистински сојузник во слабеењето

3. Делува антибактериски. Медот е полн со ензими, витамини и минерали кои се борат против штетните бактерии.

4. Ги олеснува алергиите така што му помага на телото да се привикне на поленот и така ја намалува осетливоста на околината.

5. Го регулира нивото на шеќер во крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП