26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕдноставен утрински ритуал на Ештон Качер кој влијае на неговата продуктивност

Едноставен утрински ритуал на Ештон Качер кој влијае на неговата продуктивност

Ајде да погодиме која беше првата работа која ја направивте утрово, штом ги отворивте очите: Го земавте телфонот и започнавте да типкате по него. Не е потребно некое посебно објаснување кое би го потврдило тоа. Појдете од себе и вашите блиски луѓе.

Сепак, постојат и некои изненадувачки податоци кои покажуваат дека 80 проценти од генерацијата милениумци спијат со своите телфони. Друга студија открива дека 40 проценти од возрасните го проверуваат својот телфон на секои пет минути. Половина од вработените на високи позиции го започнуваат својот ден со мејл.

Со други зборови, повеќето од нас го започнуваат и често и го завршуваат својот ден консумирајќи и реагирајќи на мисли и барања на други луѓе. Актерот и инвеститор Ештон Качер, сепак, спаѓа во малцинството.

Туѓата листа со работи пред вашата

Мејловите во вашиот инбокс, во суштина, се туѓа листа на работи. И доколку дозволите вашиот инбокс да го одреди тонот на вашиот ден, тогаш сигурно ќе поминете голем дел од своето време на приоритетите на другите луѓе.

Качер секако знае. Тој бил еден од многуте кои секое утро посегнуваат по својот телефон. Како последица на тоа, поминувал и по неколку часа дневно на мејл.

„Тоа стана дупка без дно од која беше невозможно да се извлечам, објасни тој и додаде. „На секој мејл кој го испраќав доаѓаа уште три одговори. Се што правев е завршување на работите на другите луѓе по цел ден, и никогаш не можев да стигнам да ги завршам работите што јас ги сакам“.

За да се ослободи од овој тип на живот кој го убива успехот, Качер преземал мерки. Направил нов утрински ритуал кој му овозможува да работи на тоа што тој мисли дека е важно за тој ден.

„Кога ќе се пробудам…. Поминувам еден час од својата работа не гледајќи во мејлот. Всушност, тоа е запишување на се што сакам да го завршам тој ден, и пред да почнам со читањето на мејловите, ќе го направам сето она што е потребно за мене и сето она што сакам другите да го направат за мене. И дури на крајот се префрлам на она што бара моја реакција“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП