26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрезористот од НЛБ Банка осуден на 9 години и 2 месеци затвор

Трезористот од НЛБ Банка осуден на 9 години и 2 месеци затвор

Вкупно 20 години затвор за грабежот на НЛБ банка им изрече кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на четворицата обвинети за најтешкиот грабеж на пари во историјата на Македонија, кој се случи во април.

Првообвинетиот Бобан Смилевски доби 9 години и 2 месеци затвор за кривични дела затајување и тешка кражба, а второобвинетиот Горан Смилевски 6,5 години за истите кривични дела. Третообвинетиот Борис Мичевски е осуден на 5 години и 2 месеци, а четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за кривично дело затајување.

Осудените треба на НЛБ банка да им го вратат целиот износ што го украле. Tие доброволно треба да го вратат износот во рок од 1 година до издржувањето на казната. На Бобан Смилевски му е забрането да го оттуѓува станот од 55 квадрати кој е на негово име.

Осуднеите остануваат во притвор. Роднините во солзи ја дочекаа одлуката, која што ја донесе петчлен совет составен од судиите Дарко Тодоровски, Владимир Туфегџиќ и тројца поротници.

Четворицата обвинети (Бобан и Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски) го признаа кривичното дело, но не открија што направиле со украдените пари. Во завршните зборови првообвинетиот Бобан Смилевски рече дека ѝ се извинува на сопругата што ја остава со две малолетни близначиња, на внукот што го остава без татко, на НЛБ банка и на родителите за нанесените срам, стрес и шок. Смилевски рече дека делото не е сторено за имотна корист туку бидејќи бил во големи долгови за кои тој и неговото семејство добивале закани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП