20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворени 15.000 работни места во Каталонија

Затворени 15.000 работни места во Каталонија

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза поради прогласувањето на независноста на тој шпански регион, 15.000 работни места беа затворени, објави Министерството за вработување и социјално осигурување.

Политичката несигурност во Каталонија ги принуди 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, плашејќи се дека во случај на независност, би можеле да останат надвор од заедничкиот европски пазар.

Каталонија води по бројот на загубени работни места во однос на другите шпански региони, објави АП.

Според централната влада во Мадрид, минатиот месец, 58.000 луѓе во Шпанија останале без работа. Во моментов Шпанија има 3.4 милиони невработени, што е најниско во последните осум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП