28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФасцинираше: Кинескиот гигант со скок од 132 проценти

Фасцинираше: Кинескиот гигант со скок од 132 проценти

Нето добивката на кинескиот гигант за онлајн трговија „Alibaba“ забележа скок од дури 132 проценти во „импресивниот“ изминат квартал.

Поради тоа компанијата ја зголеми проекцијата за растот на приходите за цела година.

Нето добивката на „Alibaba“ во три месеци заклучно со 30. септември достигна 17,67 милијарди јуани (2,67 милијарди долари), што е скок од 7,62 милијарди јуани во истиот период минатата година, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Имавме импресивен квартал кој донесе исклучителни резултати, при што вкупниот раст на приходите од 61 процент укажува на силен замав во нашето клучно трговско работење“, се наведува во соопштението на финансиската директорка Меги Ву.

Приходите во тој квартал, инаку втор квартал во фискалната година на „Alibaba“, достигнаа 55,1 милијарди јуани, надминувајќи ги проценките на аналитичарите на Блумберг од 52 милијарди јуани.

Од таа причина, компанијата ја зголеми прогнозата за растот на приходите за цела фискална година на распон од 49 до 53 проценти, во однос на претходно проектираниот раст од 45 до 49 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП