
Стапката на невработеност во Германија во месец октомври се задржа на историски минимум, покажаа денес објавените официјални податоци.


Стапката на невработеност во Германија во месец октомври се задржа на историски минимум, покажаа денес објавените официјални податоци.
Стапката на невработеност минатиот месец, според десезонираните податоци изнесувала 5,6 проценти, што е на исто ниво како и во септември, се наведува во соопштението на германската Федерална агенција за труд (BA), а пренесува агенцијата Франс прес.
Според неприлагодените податоци, стапката на невработеност опадна за 0,1 процентни поени на 5,4 проценти, што е најниското ниво од обединувањето на Германија во 1990 година и нешто помалку од 2,4 милиони невработени.