5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFAO: Опаднаа цените на храната во светот

FAO: Опаднаа цените на храната во светот

Цените на храната во светот во октомври забележаа пад во однос на претходниот месец, бидејќи поевтинија сите намирници освен житариците.

Ценовниот индекс FAO, кој ги мери месечните промени на цените во кошницата производи (житарици, масла, млечни производи, месо и шеќер) минатиот месец изнесуваше 176,4 поени, што е за 1,3 проценти помалку отколку во септември, пренесува агенцијата Ројтерс.

Пазарот на житарици во 2017/2018 година би требало да остане избалансиран, а глобалното производство да ја надмине минатогодишната рекордна жетва, достигнувајќи ниво од 2,61 милијарди тони, наведува Агенцијата при Обединетите нации за храна и земјоделство – FAO.

Цените на храната и понатака се за 2,5 проценти повисоки отколку во октомври минатата година, но се за 27 проценти пониски во однос на рекордното ниво од февруари 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП