13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне облачноста ќе се зголемува, така што текот на ноќта ќе има локален дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Утре во утринските часови се уште ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамките на просекот. Ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе биде со умерен интензитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП