4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветски економски форум: Уште 100 години жените нема да добијат еднаквост

Светски економски форум: Уште 100 години жените нема да добијат еднаквост

Jазот на еднаквоста меѓу мажите и жените би требало да трае уште 100 години додека се затвори со сегашната стапка, објави економската група за следење.

Ова е првпат податоците од Светскиот економски форум (ВЕФ) да покажат влошување на родовиот јаз од година на година откако започна да го прикажува во 2006 година.

Во извештајот рангирани се 144 земји според економските можности, образованието, политичкото учество и здравјето.

Женитe имаат 68 отсто од шансите и исходите што ги имаат мажите, покажуваат резултатите од истражувањето. Ова е малку пониско од измереното ниво минатата година од 68,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП