27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Shell скокна по силните резултати од рафинирањето на нафтата

Профитот на Shell скокна по силните резултати од рафинирањето на нафтата

Нафтениот гигант „Royal Dutch Shell“ објави раст на профитот од 47 отсто до 4,1 милијарда долари, што ги надминува сите очекувања. Главниот двигател на растот се добрите резултати од рафинирањето и трговијата со нафта, објави „Ројтерс“.

Паричните текови од операциите во третиот квартал, сепак се намалиле за 11% на годишно ниво до 7,58 милијарди долари, ставајќи крај на шестте последователни квартали на раст, откако мерките за штедење даваат резултати.

„Три бизниси на „Shell“ направија постојан придонес кон овие силни резултати“, рече главниот извршен директор Бен ван Бурден.

Нето добивката за третиот квартал, врз основа на тековните трошоци за снабдување и без еднократни ефекти, изнесува 4,1 милијарда долари. За споредба, една година порано тоа беше 2,8 милијарди долари. Проценката на консензусот на аналитичарите што ги обезбеди компанијата изнесуваше 3,62 милијарди долари.

Водечките нафтени компании се прилагодуваат на новиот свет на пониски цени на нафтата од падот на цените во 2014-та година. Тие применуваат сериозни заштеди и кратенки на вработените, а освен тоа продаваат дел од своите средства.

„Shell“ и повеќето нејзини конкуренти веќе може да генерираат профит со цени на нафтата од околу 50 долари за барел и уште еднаш се фокусираат на проширување на својот бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП