10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple обвинет за даночно затајување

Apple обвинет за даночно затајување

apple

Технолошкиот гигант „Apple“ користи сомнителна мрежа на офшор компании за даночно затајување во вредност од неколку милијарди долари, соопшти комисијата на американскиот Сенат.

Оваа мрежа се состои од три филијали со седиште во Ирска, кои не се регистрирани никаде како даночни обврзници. Извор од комисијата изјави дека овие компании се „измислени и невидливи“

Директорот на „Apple“, Тим Кук изјави дека тие не користат даночни трикови.

Членовите на комисијата сметаат дека „Apple“, благодарение на оваа шема плаќа мал данок на добивката која ја остварува во странство.

Една од филијалите на „Apple“ во Ирска пријавила приход од 74 милијарди долари во период од четири години, а не платила никаков данок. Во 2011 година оваа филијала имала приходи од 22 милијарди долари, а платила само 10 милиони долари данок по стапка од 0,05 проценти.

„Apple“ ги демантираше обвиненијата и истакна дека оваа компанија во САД вработува 600.000 лица и плаќа шест милијарди долари данок кон американското Министерство за финансии. Директорот на компанијата изјави дека „Apple“ во Ирска поседува само 4.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП