3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА11 факти кои потврдуваат дека прекувремената работа е лоша за вас

11 факти кои потврдуваат дека прекувремената работа е лоша за вас

Работите ли повеќе од 40 часа неделно? Ако не сте претприемач или сопственик на мал бизнис, за тоа дополнително време кое го поминувате на работа всушност воопшто нема да бидете корисни.

Имено по одредено време, вашата продуктивност опаѓа а останувањето на работа е контрапродуктивно.

Ова се негативните ефекти од прекувременото работење

– Доколку работите подолго од 10 часа дневно, ризикот од заболување од срцеви болести се зголемува за дури 60 проценти

– 10 проценти од оние кои работат 50 или 60 часа неделно имаат проблеми во врската, а тој процент скокнува за плус 30 проценти доколку работите повеќе од 60 часа

– Работата подолга од 40 часа неделно е поврзана со зголемена консумација на алкохол и цигари како и прекумерна телесна тежина кај мажите и депресија кај жените

– По 50 одработени часа во една недела, продуктивноста нагло опаѓа.

– Во компаниите со 40 часовно работно време само 23 проценти од вработените имале стапка на отсутност од работното место од 9 проценти, но во компаниите во кои се работи повеќе од 40 часа, стапката од 9 проценти ја имале дури 54 проценти од вработените.

– Луѓето кои работат по 11 и повеќе часа дневно имаат значителено изразен ризик од депресија

– Како се зголемуваат работните часови, така се зголемува и ризикот од повреди. Оние кои работат 60 часа и повеќе неделно, имаат за 23 проценти поголем ризик од повреди.

– Во компаниите каде работниците редовно работат прекувремено, откриен е проблем со хроничен замор кој се зголемува колку што е бројот на работни часа во неделата поголем

– Во производните дејности 10-процентното зголемување на прекувремените часа значи и 2,4 процентно намалување на продуктивноста

– Кај административните и другите канцелариски работи, продуктивноста се намалува и до 25 проценти кога вработените работат повеќе од 60 часа неделно

– Многу од пронајдените проблеми се поврзуваат со стрес кој пак го зголемува нивото на кортизол, го пореметува сонот, апетитот, го зголемува крвниот притисок, го загрозува имунитетот, помнењето, расположението и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП