26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair за својот блам ќе плати 125 милиони евра

Ryanair за својот блам ќе плати 125 милиони евра

Ryanair објави дека компензацијата на патниците за откажувањето на летовите и новите договори за пилотите ќе чини барем 70 милиони евра во следните шест месеци.

Ryanair на почетокот мораше да откаже илјадници летови поради процедурална грешка до која дошло кога своите пилоти ги испраќал на годишен одмор. Подоцна следеле дополнителни откажувања па на крајот преку 800.000 лица останале без своите летови. „Ryanair“ на своите патници ќе мора да им исплати вкупно 25 милиони евра отштета.

По масовното откажување на летовите, се испостави дека поради лошите работни услови премногу пилоти даваат отказ, па сосема неуспешен беше обидот да ги придобијат со бонуси на платите. Извршниот директор на „Ryanair“ изјави дека кризата ја навела компанијата на своите пилоти да им ја зголеми платата во однос на другите компании, да ја подобри комуникцијата во внатрешноста на компанијата и на своите работници да им ја зголеми можноста за напредување.

„Отсега ќе нудиме 20 проценти повисока плата со подобри можности за напредок, подобро работно време и со многу поголема сигурност на работа во споредба со „Norwegian Air “, изјави Мајкл Олири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП