Ангела Меркел може и да понесе удари на последните избори во Германија, на кои го освои четвртиот мандат како канцелар, иако со малку слаба власт, но и покрај тоа таа останува највлијателна жена во светот според американското списание „Forbes“.
Меркел е на чело на листата на „Forbes“ на 100-те највлијателни жени во светот веќе седма година по ред или вкупно 12-та, коментира британскиот весник „The Guardian“.
Британскиот премиер Тереза Меј е на второ место и покрај тешката година, во која го изгуби парламентарното мнозинство на партијата по изборите во јули. Лидерството на Меј за време на „Brexit“ – процес кој ќе има далекусежни последици за Велика Британија и остатокот од Европа – гарантира дека и покрај кревката нејзината политичка позиција, таа и понатаму останува еден од водечките играчи во светот.
На трето место е филантропот Мелинда Гејтс, кој е копретседател на „Bill & Melinda Gates Foundation“, следена од главниот оперативен директор на „Facebook“, Шерил Сенберг и главниот извршен директор на „General Motors“, Мери Бара.
Имињата на листата претставуваат седум „бази на влијание“ – милијардери, бизнис, финансии, медиуми, политика, филантропи/невладини организации и технологии. Заедно жените имаат директно влијание на над 3 милијарди лица, посочува Мојра Форбс, извршен потпретседател на „Forbes Media“.
„Без разлика дали водат компании од неколку милијарди долари, управуваат земји, трансформираат индустрии или дефинираат програма по критични прашања за нашето време, заедно овие жени имаат долготрајно влијание врз глобалниот белег“, додава таа.
Речиси половина жени на листата се американки, а европејките се вкупно 21. Меѓу нив се извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард (8), комесарот за надворешни работи Федерика Могерини (17) и полскиот премиер Беата Шидло (31).
Нови засилувања во листата се ќерката и советник на американскиот претседател Доналд Трамп Иванка Трамп (19), постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли (43) и актерката Пријанка Чопра (97), која е и амбасадор на добра волја за УНИЦЕФ.
Поранешната прва дама Мишел Обама е отпаднала од листата, откако ја напушти Белата куќа минатата година. Хилари Клинтон, која е дел од листата од нејзиното создавање во 2004-та година, е со 63 позиции надолу – од второ место во 2016-та година до 65-то во оваа година.