4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова добра вест: Во САД не било вака 17 години

Нова добра вест: Во САД не било вака 17 години

Оптимизмот на потрошувачите во САД во октомври го достигна највисокото ниво во последните речиси 17 години, што е нова добра вест за здравјето на американската економија.

Организацијата The Conference Board соопшти денес дека нејзиниот индекс за расположението на потрошувачите скокнал од септемвриските 120,6 на 125,9 поени во октомври, што е најдобриот резултат од декември 2000 година.

Тој индекс мери и како потрошувачите ги проценуваат моменталните услови и какви се нивните очекувања за наредните шест месеци, а резултатите во октомври се подобри и во двете категории.

Здравиот пазар на труд придонел за оптимизмот на потрошувачите. Невработеноста во САД е на најниското ниво во последните 16 години и изнесува 4,2 проценти, а повеќе од 36 проценти од испитаниците им кажале на истражувачите дека работни места има во изобилие, што е најголемиот удел од средината на 2001 година.

Индексот за раположението на потрошувачите беше на најниското ниво во екот на големата рецесија, во февруари 2009 година, кога изнесуваше 25,3 поени.

Економистите го набљудуваат расположението на Американците бидејќи нивната потрошувачка сочинува околу 70 проценти од економските активности во САД. Американската економија забележа раст од три проценти на годишно ниво од јули до септември.

Директорката за економските показатели во The Conference Board Лин Франко изјави дека октомвриските резултати „наговестуваат дека растот на економијата ќе продолжи со добро темпо до крајот на годината“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП