26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците остануваат без суфицит во буџетот?

Германците остануваат без суфицит во буџетот?

Германија би требало оваа година да постигне избалансиран буџет, изјави портпаролката на германското Министерство на финансии.

Таа одби да го коментира пишувањето на весникот Шпигел за проектираниот буџетски суфицит од 14 милијарди евра.

„Извесно е дека оваа година ќе имаме избалансиран буџет“, изјави портпаролката, наведувајќи ги како причина високите даночни приходи, пренесува агенцијата Ројтерс.

Додаде и дека средствата, кои се издвоени за решевање на ситуацијата со барателите на азил, веројатно нема да бидат искористени.

Имено, владата во Берлин го основаше фондот тежок 20 милијарди евра за покривање на трошоците со приливот на повеќе од милион мигранти од средината на 2015 година.

„Тоа е нешто поинакво од суфицитот, и најпрво значи дека буџетот ќе биде избалансиран“, додаде портпаролката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП