27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА400 евра казна за туристите кои во Прага шетаат со пијалак в...

400 евра казна за туристите кои во Прага шетаат со пијалак в рака

Советниците во прашката општина Прага 1, која е главно туристичко јадро и срце на чешката престолнина, воведоа прохибиција за консумирање алкохол на отворено и одредија казна од дури 400 евра за оние што ќе шетаат со чаша пиво или отворено шише со алкохол в рака.

Новата санкција е насочена првенствено против туристите бидејќи општинските власти утврдиле дека пијаните бездомници не се толку голем проблем.

Исклучок од оваа забрана се општествените и културните манифестации во градот, така што прохибицијата не важи за Нова година, 31 декември и за 1 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП