7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп најави дека ќе ја укине лотаријата за зелена карта

Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата за зелена карта

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата со која странците можат да добијат зелена карта за престој во САД.

„Денеска го почнувам процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе побарам од Конгресот веднаш да почне со работа тоа да се укине. Оваа програма беше добра, но не доволно добра, ние сме против неа. Сакаме програма базирана на бракови, за луѓето кои се во брак да можат да дојдат тука“, рече Трамп.

Објавувањето на ваквата одлука следува по откритието дека терористот одговорен за нападот во Менхетен во САД пристигнал преку лотаријата за добивање зелена карта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП