17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна истражувањето на нафта и гас во крајбрежјето на Крф

Започна истражувањето на нафта и гас во крајбрежјето на Крф

Конзорциумот меѓу „Total“, „Hellenic Petroleum“ и италијанскиот „Edison“ ќе ги истражува водите од грчкиот остров Крф за достапноста на нафта и гас, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Претставниците на двете компании коментираа дека имаат „реални очекувања“ за блокот врз основа на првите истражувања, но исто така стравуваат дека концесијата може дополнително да се одложи.

Овие загрижености можеби имаат свои причини, пишува грчкото издание. Тендерот за истражување на блокот на Јонското Море беше објавен пред четири години, а „Total“, „Edison“ и „Hellenic Petroleum“ беа именувани како изведувачи пред две години. Денес, конзорциумот гарантира дека е подготвен да започне со работа.

Грчката држава добива концесија од 500.000 евра и очекува дополнителни 1,5 милиони евра од концесиските такси во текот на следните осум години.

Францускиот „Total“ поседува 50% од проектот, а останатите компании делат 25%. Тие се, исто така, кандидати за уште еден потенцијален блок на бреговите на Крит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП