3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на деловен простор во Франкфурт достигна рекордно ниво

Цената на деловен простор во Франкфурт достигна рекордно ниво

Побарувачката на канцеларии во Франкфурт, како и на првокласниот имот, се зголеми до рекордни нивоа, откако градот се наведе како еден од фаворитите за привлекување на финансиски компании од Лондон во позадина на „Брегзит“, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на лоби групата „Frankfurt Main Finance“.

Градот, кој според групата може да привлече околу 10.000 вработени од британската индустрија на финансиски услуги, почнаа да бараат поголеми зделки за над 10.000 м2., во позадина на напорите на компаниите да ги прошират своите активности и да обезбедат места, каде што работат нивните вработени, велат од „Frankfurt Main Finance“.

Финансиската престолнина на Германија изби како најголем победник во битката за илјадници работни места базирани во Лондон, кои според екепертите ќе бидат преместени во ЕУ, кога Британија ќе ја напушти Унијата. Главен извршен директор на „Goldman Sachs Group Inc.“, Лојд Бленкфајн објави на „Twitter“ минатиот месец дека имал „одлични средби“ таму и изјави дека ќе троши многу повеќе време во градот.

Приливот кон Франкфурт може да биде ограничен само од недостатокот на достапни домови, вели Андреас Тумп од „Savills Investment Management“.

„Морган Стенли“ веќе го избра Франкфурт за новото седиште во ЕУ по „Брегзит“ за дејноста на банката поврзана со трговијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП